Виница: Дефинирана пилот насока за уредување на градскиот парк во Виница

објавено во Општински вести | 0
Виница: Дефинирана пилот насока за уредување на градскиот парк во Виница

На 17 април во Виница се одржа работилницата „Од идеи до акција: планирање, визуелизација и обезбедување поддршка“, во рамки на URBACT Pioneers Accelerator програмата и тематскиот кластер „Урбана природа“.Работилницата претставува продолжение на претходните фази на процесот, во кои беа анализирани потребите, собрани идеи од граѓаните и локалните чинители и истите беа групирани во приоритетни насоки.Со оваа работилница, процесот влегува во следната клучна фаза — од развивање на идеи кон нивно конкретно спроведување.Преку заедничка работа, учесниците ги разгледаа трите приоритетни идеи (спорт, одмор и релаксација, настани и култура) и дојдоа до заедничка пилот насока која ги комбинира сите три аспекти: „Простор за спорт, одмор, настани и култура“. Оваа насока предвидува уредување на дел од паркот во функционален простор кој ќе овозможи спортување, социјализација и одмор за сите генерации, како и организација на помали културни и заеднички настани, вклучително и поставување на мала сцена. Визијата на предложеното решение е создавање на жив парк – активен и искористен простор кој го користат сите генерации.Оваа пилот насока претставува значаен чекор кон создавање на пофункционален, поинклузивен и поактивен јавен простор во Виница, и го означува преминот од идеи кон конкретна акција и реализација.


Извор: Општина Виница