Виница: Граѓаните се должни да го одржуваат својот двор

објавено во Општински вести | 0
Ги известуваме граѓаните дека, согласно Законот за урбано зеленило, сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го одржуваат зеленилото во своите дворови.Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.) мора да бидат соодветно искастрени, со цел обезбедување безбедно и непречено движење.Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето на ова известување.Апелираме до граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска. Во спротивно, ќе се постапува согласно законските прописи и надлежностите на општинските инспекциски служби.


Извор: Општина Виница