Почитувани сограѓани,по повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден.Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница.Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба.Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:1.Бојан Колишев – Виница,2.Наум Крстов – Истибања,3.Даниеле Јанчев – Драгобраште,4.Наум Тренчовски – Блатец,5.Андреј Стаменков – Јакимово,6.Христијан Гоцевски – Лески,7.Мартин Велинов – Трсино,8.Валентино Китанов-Пекљани,9.Лука Цеков-Градец,10.Иван Арсов-ЛипецБог се јави!Навистина се јави!
Извор: Општина Виница