Општина Велес на физичките лица кои ќе купат инвертер клима уред од денот на објавувањето на Јавниот повик06.05.2026година заклучно со04.06.2026година,ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување инвертер клима уред.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима уред во висина од 30% од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот„со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица-носители на домаќинства, кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), сметано од денот на објавата на Јавниот повик па се до 04.06.2026 година, и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен инвертер клима уред, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
Барателот по објавување на јавниот повик доставува:
Доколку барањето не ги содржи сите документи погоре наведени, барателот го губи правото да учествува во изборот за баратели за субвенционирање по принцип„со извлекување по случаен избор-транспарентно“.
Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен инвертер клима уред, заедно со потребната документација се доставува електронски на следната адреса:https://euslugi.veles.gov.mkили во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување инвертер клима уред“.
На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број со дата и час на достава на барањето.
Барањето кое е уредно и комплетно, издадениот архивски број и час на барањето, ќе биде дел од посебна затворена кутија за спроведување на системот „со извлекување по случаен избор-транспарентно“.
За денот и часот на одржување на извлекувањето барателите ќе бидат известени преку веб страната на Општина Велес(www.veles.gov.mk)и социјални мрежи во Општина Велес.
Јавниот повик го распишува Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред.
По завршувањето на јавниот повик, Комисијата на своја седница ги разгледува сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од системот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
Постапката за избор на барања „со извлекување по случаен избор – транспарентно“, Комисијата ќе ја спроведе во рок од 15 дена по комплетирање на целокупната документација.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.
Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одобрување на барањата кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и ја објавува листата на физички лица кои го добиле правото да бидат субвенционирани за дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима уред.
Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес