Велес: Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на  член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024) и член 45 став 1 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06,3/09,18/10 и 15/14, 15/18, 06/09 и 08/21), а по предлог на Градоначалникот,

Советот на Општина Велес објавува:

за избор на членови нанадзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на три (3) члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).

Основна дејност на претпријатието e 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода.

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велесwww.veles.gov.mkи на страната на ЈКП „Дервен“ Велесhttps://derven.mk/.

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

Членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи,

Времетраењето на мандатот на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:

Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Висината на надоместокот со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие и изнесува:

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Надзорниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес се:

Постапката за селекција на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес се состои од две фази и тоа:

-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и

– Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес:www.veles.gov.mk.

Јавниот повик се објавува на ден  08.01.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно наjдоцна до 12.01.2026 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно Законот за управни спорови.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Врз основа на  член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024) и член 45 став 1 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06,3/09,18/10 и 15/14, 15/18, 06/09 и 08/21), а по предлог на Градоначалникот, Советот на Општина Велес на 6-та седница одржана на ден 26.12.2025 година, донесе

за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес

за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор

за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Општина Велес распишува Јавен повик за пројавување  на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.

Јавниот повик содржи податоци за условите кои треба да бидат исполнети, а на јавниот повик може да се пријават сите заинтересирани кандидати кои ќе поднесат пријава и комплетна документација со кои се потврдува дека ги исполнуваат условите од јавниот повик согласно законските прописи.

Јавниот повик е даден во прилог на оваа одлука.

Постапката за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес, ја спроведува Комисија за селекција формирана од Советот на Општина Велес.

Оваа Одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен гласник на Општина Велес.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес