Велес: ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот на територија на Општина Велес

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на Одлуката за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес број 09-1014/10 од 18.02.2026 година, донесена од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес објавува Јавен повик за ангажирање на најмногу 10 лица.

Ангажирање на невработени лица за теренско прибирање фактички податоци за недвижности на територија на Општина Велес.

Ангажираните лица ќе ги извршуваат следните работи:

Ангажираните лица се должни да бидат активни и присутни на терен секој работен ден, согласно утврдениот распоред. За својата ангажираност се должни секојдневно да се евидентираат кај одговорно лице определено од страна на Општина Велес, кое ќе врши координација и контрола на извршените активности.

Пријавите се доставуваат во Архива на Општина Велес, во рок од 5 работни дена од денот на објавување на јавниот повик.

Изборот на кандидатите го врши Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на предлог-листа изготвена од Комисија формирана од негова страна.

Комисијата ќе изврши преглед на доставената документација и ќе спроведе разговор со кандидатите, по што ќе изготви предлог-листа.

Изборот ќе се врши врз основа на исполнетост на условите, мотивираност и проценка на способноста за извршување на работните задачи.

Со избраните лица се склучува договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски.

Ангажманот на избраните лица ќе трае најдолго до 31.12.2026 година, согласно Одлуката на Советот на Општина Велес.

Месечниот надоместок изнесува најмногу до 30.000,00 денари нето износ, на кој ќе се пресмета и додаде персонален данок согласно закон.

Комисија за селекција на кандидати

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес