На првиот ден од Велигденските пости, веднаш по Прочка, традиционаплно и годинава се одбележа Чист понеделник на Мегдан. Мегданчани го подготвија посното бело гравче со суви чушки и го поделија на гостите кои дојдоа да ја испочиттуваат традицијата што се пренесува од генерација на генерација. Меѓу нив беше и градоначалникот Марко Колев, им посака добро здравје и порача да продолжат со негување на старите обичаи по кои Велес е препознатлив.Од денеска започнуваат Велигденските пости што ќе траат шест недели, до најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес