Велес: „ТВОИТЕ ПРАВА, НАШ ПРИОРИТЕТ“ –ПОСЕТЕТЕ ЈА ОТВОРЕНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

објавено во Општински вести | 0
Велес: „ТВОИТЕ ПРАВА, НАШ ПРИОРИТЕТ“ –ПОСЕТЕТЕ ЈА ОТВОРЕНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес ја информира јавноста дека се отвори Канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите, со цел обезбедување поголема заштита, информираност и поддршка за сите граѓани во остварувањето на нивните здравствени права.

Канцеларијата ќе функционира како советодавно и информативно тело, каде пациентите ќе можат да добијат насоки, правна и административна помош, како и поддршка при евентуални повреди на нивните права во здравствениот систем.

Со отворањето на оваа канцеларија, Општина Велес ја потврдува својата посветеност кон унапредување на квалитетот на живот и здравствената заштита на своите жители, како и кон градење транспарентен и одговорен систем кој ги става граѓаните во центарот на своето делување.

Ги повикуваме сите граѓани да ја користат оваа услуга и активно да придонесат кон подобрување на здравствениот систем преку пријавување на проблеми и споделување на своите искуства.

Канцеларијата се наоѓа во просториите на Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес и ќе биде достапна за граѓаните секоја среда од 10:00ч до 14:00ч.

Лице за контакт: Билјана Ангелова Смилева.

Телефонски број: 043 232 406  лок.228

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес