Врз основа на член 50 став (1) точка 11 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 11 став (3) од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/22 и 6/24), а по Предлог бр.25-2191/48 од 10.07.2026 година на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, Градоначалникот на Општина Велес донесе
Советот на Општина Велес донесе Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физички лица за купен сончев термален колектор за 2026 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/26).
Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, спроведе постапката по објавениот Јавен повик со бр.25-2191/3 од 05.05.2026 година, за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица од подрачјето на Општина Велес направени за купен сончев термален колектор за 2026 година и изготви Предлог бр.25-2191/48 од 10.07.2026 година, на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/22 и 6/24).
Врз основа на горенаведеното, а согласно Предлогот на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства со бр.25-2191/48 од 10.07.2026 година на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес