Велес: Решение за одобрени барања занаетчии 2026 година

објавено во Општински вести | 0
Велес: Решение за одобрени барања занаетчии 2026 година

Советот на Општина Велес донесе Одлука за определување на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.3/26), според која на вршителите на занаетчиска дејност: грнчари, ковачи, опинчари, јажари, крзнари, шапкари, свеќари, венци, корпари, копчари, кујунџии, каменорезачи, клучари, саатчии, ткајачи, кондураџии, фурнаџии – фурна на дрва, рачна изработка на сита, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти, резба на дрво и бакар, пирографија, изработка на народни носии, домашна ракотворба, ракотворби – изработка на сувенири и производство од хартија, им се утврдува правото на поединечна субвенција, во износ не повеќе од 15.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход од Буџетот на Општина Велес во тековната година, од Програма за активностите на Oпштина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој, Програма Г1 – Локален фонд за поддршка на мали бизниси, стари занаети и ракотворци.

Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, спроведе постапката по објавениот Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес и изготви Предлог бр.25-2292/15 од 29.06.2026 година на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства согласно Правилник за утврдување на условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес со бр.25-2292/1 од 08.05.2026 година.

Врз основа на горенаведеното, а согласно Записникот со бр.25-2292/14 од 29.06.2026 година, како и Предлогот на баратели кои ги исполнуваат условите за користење на финансиски средства со бр.25-2292/15 од 29.06.2026 година на Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поднесе тужба до Управен суд ворок од 30 денаод денот на доставувањето нарешението.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес