Велес: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛЕЗ НА СЕЛО КАРАСЛАРИ

објавено во Општински вести | 0
Целосно ќе се реконструира влезот на селото Караслари. Фирмата што ќе ги изведува градежните зафати е избрана и наскоро ќе почне со работа. Овој проект е еден од петнаесетте за кои Општина Велес обезбеди финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт. Со уредувањето на влезот на селото ќе се реши долгогодишен проблем и ќе придонесе за развој на населеното место.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес