Поздравен говор пред присутните одржа градоначалникот Марко Колев.
„Општина Велес традиционално и оваа година се обедини околу изборот на најдобрите ученици и просветни работници во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес им честитам на најдобрите“, истакна градоначалникот Колев.
Наградата за најдобар ученик во општинските основни училишта во 2026 година ја доби Марија Талевски, ученичка во осмо одделение при ООУ „Блаже Конески“. За најдобар ученик во средното образование е прогласен Лука Коциќ, ученик во прва година во ССОУ „Димитрија Чуповски“.
Наградата за најдобар наставник по одделенска настава во општинските основни училишта и е доделена на Андријана Јорданова, наставничка во ООУ „Блаже Конески“.
Наградата за најдобар наставник по предметна настава и е врачена на Бојанка Џипунова – Ташова, наставничка во ООУ „Васил Главинов“.
На свеченоста, наградата за најдобар наставник во средното образование во Општина Велес и припадна на Елизабета Николовска, наставник во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.
Свеченоста по повод Денот на сесловенските просветители беше заокружена со музичкиот настап на училишниот бенд на ООУ „Блаже Конески“ под менторство на наставникот Петар Марковски.
Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата солунски, светите Кирил и Методиј.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес