Врз основа на Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата – културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика” на здружение на граѓани („Сл. гласник на Општина Велес” бр. 1/23) и член 2 и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежноста од областа на културата – културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика” на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес” бр.3/22), Градоначалникот на Општина Велес, распишува
Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за период од 3 години (2026, 2027 и 2028 година) што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“.
Финансиските средства за делегираната надлежност се обезбедуваат од Буџетот на Општина Велес – Програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за секоја тековна година.
Право на учество на конкурсот имаат здруженија на граѓани регистирани во областа на културата (во понатамошниот текст – здружението).
Кон пријавата здружението е должно да приложи:
Заинтересираните здруженија, пријавите со горенаведените прилози може да ги достават до Општина Велес, во рок од седум (7) работни денови од денот на објавувањето на Конкурсот, во архивата на Општина Велес или по поштенски пат на улица „Панко Брашнар”, бр.1, 1400 Велес, со назнака за „Комисија за делегирање надлежности за организирање и реализирање на културната манифестација „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“.
Доставените пријави ќе ги разгледува тричлена комисија формирана од Градоначалникот на Општина Велес. Комисијата при разгледување на пријавите за исполнување на условите ќе пристапи кон бодирање согласно утврдените критериуми кои се однесуваат на следното:
Пријавите со непотполна документација и доставени по предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
За делегираната надлежност помеѓу Општина Велес и здружението, ќе биде склучен договор во кој ќе се уредат меѓусебните права, обврски и одговорности за реализација на културната манифестација.
Во делот на потребните содржини кои треба да се составен дел од Програмата која треба да биде приложена како и за целокупната постапка, може да добиете информација на следната е-пошта:
verica.todorovska@veles.gov.mk
biljana.veljanova@veles.gov.mk
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес