Велес: Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“, за потребите на инвеститорот Министерство за транспорт.

објавено во Општински вести | 0
Велес: Информација за одржување на Јавна расправа по  Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот:  “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“, за потребите на инвеститорот Министерство за транспорт.

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност декаЈавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот:  “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“ќе се одржи на:

-4 август 2026 година  (Вторник), во Електронска сала на општина Велес  со почеток во 11.00 часот.

-5 август 2026 година  (Среда), во салата на Советот на Град Скопје, барака 13 со почеток во 11.00 часот.

–6август 2026година (Четврток), во салата на Дом на култура „Мирка Гинова “во општина Демир Капија со почеток во 12.00 часот.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирањеwww.moepp.gov.mkи  во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Истата е достапна за увид до 13.08.2026година

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес