Во текот на реализација на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем. На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .
Се замолуваат граѓаните, опсобено оние кои живеат и транзитираат во тој дел на градот, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните зафати и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.
Ќе се врши темелна реконструкција на коловозот со тоа што ќе се вади асфалтот и тампонскиот слој под асфалтот, потоа ќе се нанесува нов тампонски слој и асфалтирање во два слоја.
Општина Велес со апел до жителите да се воздржат од паркирање на возилата на улицата, со цел да се овозможи непречено и навремено изведување на градежните работи.
Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 60 дена.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес
