Велес: ЗАСАДЕНИ 2.500 МЛАДИ САДНИЦИ ВО БЛИЗИНА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ ВО РАМКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА

објавено во Општински вести | 0
Централното одбележување на Денот на Европа се одржа денеска со засадување на 2.500 садници во близина на езеро Младост. Акцијата се реализираше под мотото „Наша Европа – Растеме заедноп“  во организација на мрежата на Јуроп Хаус и Делегацијата на Европската Унија. На акцијата учествуваше и градоначалникот Марко Колев кој заедно со претставници на делегацијата и амбасадорките на Словенија и Литванија посадија млади садници како симбол на заедништвото и грижата за локалната заедница.

Општина Велес останува доследна на напорите за зачувување на здравата животна средина.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес