Велес: ЗАВРШИ ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

објавено во Општински вести | 0
Велес: ЗАВРШИ ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

Со настапи исполнети со богатство од традиции, песни и танци од различни делови на светот, викендов успешно заврши 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2026“.Во изминатите денови Велес беше домаќин на бројни фолклорни ансамбли кои преку своите настапи ја претставија културата, обичаите и националниот идентитет на своите земји.Фестивалот уште еднаш ја потврди својата улога како мост на пријателството, меѓусебното почитување и културната соработка меѓу народите.Многубројната публика уживаше во богатата и разновидна програма, исполнета со автентична музика, енергични кореографии и колоритни носии, кои создадоа незаборавна атмосфера во градот.Општина Велес упатува искрена благодарност до сите учесници, организатори, волонтери, институции, поддржувачи и до бројната публика која со своето присуство придионесе фестивалот да биде вистински празник на фолклорот.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес