Велес: ДЕЛ ОД ПОРАНЕШНОТО УЧИЛИШТЕ „Ј.Х.К. ЏИНОТ“ ЌЕ СЕ ПРЕНАМЕНИ ВО НОВ КЛОН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Министерството за социјална политика, демографија и млади со кој ќе се реновира дел од старата училишна зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и ќе се пренамени во нов клон на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Средствата обезбедени од овој грант се наменети за реновирање и опремување на поранешната училишна зграда со што ќе се обезбеди соодветен простор за згрижување и воспитување на деца од преучилишна возраст.

Со овој проект значително ќе се придонесе за растеретување на постоечките објекти на градинката како и обезбедување на дополнителни слободни места со цел задоволување на потребите на граѓаните на Општина Велес.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес