Велес: ДВОДНЕВНА ПРОЕКЦИЈА НА СЕРИЈАТА ЗА РАЦИН „ЦРВЕНИОТ ПОЕТ“

објавено во Општински вести | 0
Велес: ДВОДНЕВНА ПРОЕКЦИЈА НА СЕРИЈАТА ЗА РАЦИН „ЦРВЕНИОТ ПОЕТ“

Во рамки на одбележувањето на 63. Рацинови средби, граѓаните ќе имаат можност да ја проследат телевизиската серија со наслов „Црвениот поет“ . Тоа е серија за животот и делото на Коста Солев Рацин, великанот на поезијата од  дваесетиот век, најреволуционерниот патриот и најромантичниот уметник што се родил во Македонија.

Телевизиската серија е составена од 10 епизоди во кои на мошне сликовит начин ќе биде прикажана биографијата на Рацин испреплетена со историските контроверзни и провокативни моменти, неговата поетска и романтична душа преточена во најубавите стихови во светот.

Режисер на „Црвениот поет“ е Никола Поповски и во серијата ликовите  ги толкуваат еминентни имиња од актерската фела.

На 12 и 13 јуни (петок и сабота), со почеток во 21:00 часот, во Europe House Veles, ќе бидат прикажани по пет епизоди од серијата за Рацин

Општина Велес ги повикува граѓаните да ја проследат серијата „Црвениот поет“ која ќе остави силен впечаток и ќе отвори нов поглед кон животот и творештвото на големиот македонски поет.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес