Вевчани: Вевчанско лето 2026 – 30 ГОДИНИ ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

објавено во Општински вести | 0
„30 ГОДИНИ ОПШТИНА ВЕВЧАНИ“

Три децении заедно ја градиме приказната на Вевчани – општина со богата традиција, препознатлива култура и неисцрпна енергија.

Со особена чест и гордост ве покануваме заедно да го одбележиме јубилејот 30 години Општина Вевчани преку богатата културно-уметничка програма на „Вевчанско лето 2026“.

Во текот на Jули и Aвгуст, Вевчани ќе биде домаќин на бројни културни, музички, литературни, ликовни, спортски и забавни настани, кои ќе ја прослават традицијата, културата и духот на нашето место.

📅 Свеченото отворање е на 1 јули 2026 година, со почеток на „Вевчанско лето 2026“, кога од оваа година, за прв пат со особена гордост ќе се одржи и првото издание на „Фестивалот на зурлата и тапанот“, посветен на македонската изворна музичка традиција и нашето богато културно наследство, во организација на Здружение “Оркестар со зурли и тапани” Вевчани.

Очекувајте два месеци исполнети со незаборавни доживувања, врвни уметници, традиција, музика и заедничка прослава на три децении локална самоуправа.

Вевчани живее со културата.

Вевчани ја негува традицијата.

Вевчани слави 30 години Општина Вевчани.

Повелете на „Вевчанско лето 2026“ – лето исполнето со култура, традиција и незаборавни моменти!

Овозможено одМинистерство за дигитална трансформација.


Извор: Општина Вевчани