Општина Васиево во соработка со АД „Водостопанство“, подружница Струмица продолжува со чистење на речните корита . По чистењето во атарите на селата Владевци и Сушево, тековно се чисти речното корито кај населеното место Доброшинци. Со механизација на АД Водостопанство, подружница Струмица се отстранува вегетацијата и разните талози со што се нормализира протокот на водата низ речното корито.Со фотографии од лице место, градоначалникот на општина Василево по извршениот увид на терен, преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација за оваа активност.„Денес, на лице место, извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки. Овој дел од река Турија се чисти за прв пат. Акцијата се спроведува превентивно, со цел навремено спречување на можни излевања и заштита на домовите, земјоделските површини и безбедноста на граѓаните. Превенцијата е најдобрата заштита. Голема благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за нивниот несебичен ангажман и работа на терен и до директорот на подружницата „Струмичко поле“ Томе Спасов“, стои во информацијата споделена од градоначалникот Андонов, кој го потенцира значењето на превенцијата како најбитна како не би се случила ситуација во која граѓаните и институциите би се справувале со евентуалните последици.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево
