Василево: Се чисти коритото на река Струмица, помеѓу Владевци и Сушево

објавено во Општински вести | 0
Василево: Се чисти коритото на река Струмица, помеѓу Владевци и Сушево

Општина Василево во соработка со АД „Водостопанство“, подружница Струмица, го чисти коритото на реката Струмица во атарите на селата Владевци и Сушево. Со механизација се отстранува вегетацијата и наносите со што се нормализира текот на водата низ речното корито. Активноста, како што информира градоначалниот на општина Василево Славе Андонов, преку неговиот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24,  е од превентивен карактер со цел спречување на излевање на водата и поплавување на околните површини, нешто што во минатото веќе се случувало и резултирало со штети врз посевите и домаќинствата.„Денес, на лице место, заедно со директорот на подружницата „Струмичко поле“ при АД Водостопанство, Томе Спасов , извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки. Акцијата се спроведува превентивно, со цел навремено спречување на можни излевања и заштита на домовите, земјоделските површини и безбедноста на граѓаните. Превенцијата е најдобрата заштита. Голема благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за нивниот несебичен ангажман и работа на терен“, стои во информацијата споделена од градоначалникот Андонов.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево