Василево: Обезбедени средства за оградување и партерно уредување на училишниот двор во Ангелци

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација со која го најавува скорешниот старт на оградувањето и партерното уредување на дворот на училиштето во Ангелци.„Обезбедивме средства, преку Министерството за транспорт и врски, за негово целосно уредување. Уредувањето на училишниот двор опфаќа: изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; опрема за вежбање и рекреирање; нови зелени површини; нова урбана опрема(клупи и корпи за отпадоци); изградба на ограден ѕид; поставување на метална ограда; изградба на пристапни патеки. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и престој. Продолжуваме посветено да работиме и да ги реализираме ветувањата – чекор по чекор, проект по проект. Заедно градиме подобра општина“, информира градоначалникот Андонов.Средствата за реализација на сите наведени активности, според предмер пресметката  изнесуваат 4 353 893 денари од кои 2 440 000 денари се обезбедени преку Проектот за поврзување на локани патишта (ППЛП) на Министерството за транспорт со заемот од Светска банка, и 1 913 893 денари од Буџетот на општина Василево, за што Советот на општина Василево на една од своите седници има донесено одлука.Изборот на компанија изведувач на активностите на терен и компанија за вршење надзор на активностите,  беа последните активности, што значи,  дворот на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци набргу ќе почне да го менува својот лик.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево