Во петокот, 20.02.2026 година, Советот на општина Василево ја одржа шестата седница чиј дневен ред по дополнувањето со четири нови предлози имаше вкупно 18 и сите беа усвоени.Во врска со Предлог-програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести и План за спроведување на дезинсекција и дератизација во 2026 година и Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на превентивни мерки во општина Василево за 2026 година, советникот Орце Панчев од Движење ЗНАМ – За наша Македонија предложи од страна на општината да се информираат граѓаните како да постапуваат со угинатите животни и каде да ги закопуваат за да се спречи неподносливата смрдеа која се јавува и потенцијалните зарази. Дискусија предизвикаа и точките од делокругот на работата на ЈПКД Турија“, Василево. Незадоволство од работата односно искористеноста на човечкиот потенцијал во тековното работење на комуналното претпријатие, во својата дискусија изрази советникот од СДСМ Стојан Ташев, и ова како што кажа, е причината поради која ќе гласа воздржано.Својот став за работата на ЈПКД „Турија“ го изнесе и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој нагласи, дека покрај негативните треба да бидат потенцирани и позитивните работи, во случајот тоа е остварената добивка на комуналното претпријатие и неговиот потенцијал за да ги работи работите за кои е формирано. „Заедно со општината, со изградбата на системите за канализацијани набавката на новиот камион за смет се ствараат реални услови претпријатието да застане на здрави нозе“, нагласи градоначалникот Андонов, кој во моментот смета дека недостигот од работна рака е следниот предизвик кој треба да биде успешно совладан. Со следниот предлог од ЈПКД „Турија“ односно УО на ова претпријатие, зголемен е износот за приклучок на водоводната мрежа кај правните лица од 80 000 на 90 000 за водомери од 2 цола, а за водомерите од 3/4 овој износ е утврден на 40 000 денари.Советниците беа едногласни при усвојувањето на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево За 2025 година, која изнесува 13 459 339 денари.Едногласно беше усвоена и Предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево за реализација на проект Развивање на современа и модерна инфраструктура во планските региони, која како што образложи градоначалникот Андонов се однесува на изградба на повеќенаменско игралиште во населеното место Едрениково, за што општина Василево ќе поднесе апликација до Министерството за локална самоуправа, по објавениот повик за предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони. Со усвојувањето на оваа одлука, Советот даде согласност општина Василево да поднесе апликација со одобрено сопствено учество во износ од 1 500 000 денари.Со конструктивна дискусија и заеднички предлози беа утврдени и износите на суми кои Советот на општина Василево ги одобри по барањата за финансиски средства поднесени од правни и физички лица за различни намени и потреби.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево