Василево: Континуиран раст на реализацијата на буџетот на општина Василево

објавено во Општински вести | 0
Анализата направена на реализацијата на буџетот на општина Василево во последните пет години, покажува континуиран раст, кој  како што стои во информацијата споделена од градоначалникот на општината, Славе Андонов, е резултат на одговорно работење, што се гледа од прикажаните  податоци за периодот од 2021 година каде реализацијата била 63,9% до 2025 каде  реализација е 89% од планираните средства.„Реализација на буџетот – континуиран раст и одговорно работење. 2021 – 63,9%, 2022 – 87,7%, 2023 – 82,3%, 2024 – 84,6%,  2025 – 89,0%. Овие бројки не се само проценти – тие се доказ за посветеност, домаќинско работење и реализација на ветеното. Од година во година ја зголемуваме реализацијата на буџетот и покажуваме дека кога се работи чесно, транспарентно и одговорно – резултатите се видливи. 2025 година бележи највисока реализација досега – 89%. Продолжуваме со уште посилен инвестициски циклус, повеќе проекти и подобри услови за живот за сите граѓани на општина Василево.Зборот даден – збор исполнет“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, споделена на неговиот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево