Василево: Започна реконструкцијата на домот на културата во Градошорци

објавено во Општински вести | 0
Василево: Започна реконструкцијата на домот на културата во Градошорци

„Со дела, а не со зборови, започнавме уште еден значаен проект за Градошорци. Домот на културата – симбол на заедништвото, традицијата и културниот живот – добива нов, современ лик каков што заслужуваат граѓаните“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,https://www.facebook.com/vasilevo24,  со која го најавува стартот на градежните активности за реконструкција на Домот на културата во Градашорци, како активност во рамки на   проектот од Прекугранична соработака на INTERREG  IPP помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија. Како што информира Градоначалникот реконструкцијата опфаќа: целосно реконструкција на покривот, нова фасада, фотоволтаици, современа аудио-техничка опрема, спомен соба посветена на Мис Стон, како и хортикултурно уредување на просторот.„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, историјата и иднината на Градошорци. Општина Василево е меѓу малкуте општини во државата, чиј проект беше препознаен и поддржан со средства од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Продолжуваме одговорно, посветено и со јасна визија за развој на секое населено место“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.Вкупниот Буџет за реализација на градежните активности изнесува околу 210 000 евра.Прекуграничен партнер на општина Василево е општина Кресна од Р.Бугарија.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево