Василево: Едногласно усвоен Извештајот за извршувањето на Буџетот на општина Василево за 2025 година

објавено во Општински вести | 0
Советот на општина Василево, на синоќа одржаната Седница, едногласно ги усвои кварталните извештаи за извршувањето на Буџетот на општина Василево за 2025 година.Според информацијата подготвена од одделението за финансиски работи во општина Василево, Извештајот се однесува за периодот од 01.01.2025 до 31.12 2025 година. Од планираните 271 396 677 денари во Буџетот на општина Василево (овде се вклучени и Буџетите на двете основни училишта ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и детската градинка „Прва радост“, Василево), извршувањето е 236 691 155 денари или изразено во проценти 87,21%. Слично е и извршувањето кај основниот буџет на општина Василево и изнесува 88,79 %, односно од планирани 123 327 000 денари, реализирани се 109 526 721 денари.Реализацијата кај блок дотациите е 99,60 денари, кај самофинансирачките активности 23,01% и кај донациите 32,65%.Во приходниот дел, кај даночните приходи има висока реализација, односно 119,07%, со највисок процент на реализација кај данокот на имот, каде реализацијата е 153%. Во неданочните приходи во кои спаѓаат глобите и административните такси, реализацијата е 53,40%, а кај капиталните приходи, 22,01%. Кај трансферите и донациите процентот на реализација е 89%. Реализацијата во расходниот дел изнесува 88,79%Што се однесува до доспеаните а ненадмирени обврски, кои се составен дел на К2 кварталниот извештај, на крајот од пресметковниот период  долгот на општината изнесува 140 385 884 денари.Во делот на кредити и задолжувања на општината и Јавните претпријатија основани од општината (ЈПКД „Турија“, Василево) општина Василево нема обврски. Состојбата е прикажана во К3 извештајот.На седницата усвоена и е предлог-одлуката за измена на висината на надоместок за заедничка потрошувачка кој од 20 се зголемува на 25 денари.На седницата едногласно се усвоени и останатите предлози, кои главно се во делот на финансиска поддршка и спонзорство за настани и манифестации.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево