Во организација на друштвото Баделци, по повод празникот Богојавление – Водици, во Василево, пред црквата „Пресвета Богородица“ во Василево, на 19.01.2026 година ќе се одржи лотарија.Како што информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, лотаријата има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат за сограѓанинот Влатко Митев. „За прв пат во Василево! Лотарија по повод празникот „Богојавление – Водици“. Хуманоста повторно да ја покажеме. Да бидеме сплотени и солидарни и повторно да ја покажеме хуманоста за нашиот сограѓанин Влатко Митев.Вредни награди за сите учесници! 19.01.2026, 12:00 часот Пред црквата „Пресвета Богородица“ – Василево. Да го одбележиме празникот заедно, во духот на традицијата и заедништвото. Ве очекуваме сите! Настанот е во организација на друштвото ,,БАДЕЛЦИ”. Подароците во лотаријата ќе се обезбедат од донации, кои заинтересираните граѓани може да ги достават во сендвичарата BURGER ZONE во Василево или дополнително да се информираат на телефонските броеви 070 725 017 и 077 438 444. Од име на организаторот општина Василево упатува покана до сите граѓани да се вклучат во лотаријата, да донираат и се разбира да купат талон чија цена е 100 денари и на тој начин да ја покажат својата хуманос на дело.Главната награда ќе биде обезбедена од општина Василево, за што и една од точките на дневниот ред на седницата на Советот на општина Василево, закажана за четврток, 15.01.2026 година е токму за тоа односно барање за спонзорство поднесено од организациониот одбор.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево