Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во петокот, 23.01.2026 година, заедно со градоначалниците на општина Струмица и општина Босилово, учествуваше во работата на состанокот што го одржаа со надлежните за водоснабдителниот систем во регионот.Според информацијата споделена на неговиот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, на состанокот присуствувале: Филип Филиповски – генералниот директор на АД „Водостопанство“, Томе Спасов- раководителот на подружница АД „Водостопанство“-Струмица и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Струмица- Кире Синдраковски.„ Посебен акцент беше ставен на браната Турија, од каде што Василево се снабдува со вода за пиење, како и на потребата од итна санација на испусниот вентил, кој не е во функција повеќе од осум години. Продолжуваме со конкретни чекори за обезбедување сигурно и квалитетно водоснабдување за нашите граѓани“, стои во информацијата споделена од градоначалникот, Андонов.Со вода за пиење од брана Турија се снабдуваат и граѓаните на општина Струмица. Состанокот е одржан во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево