Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше домаќин на младиот и успешен каратист Димитар Јованов од Пиперево кој од Балканското првенство во Србија се врати со три медали. Информација со фотографии од средбата на својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „Голем успех за Димитар Јованов, на Балканското првенство во карате, во Србија! Имав средба со младиот и успешен спортист Димитар Јованов од Пиперево, кој оствари извонреден резултат на Балканското првенство во Србија и освои: 1 место – категорија Кихон Кумите; 2 место – категорија Кати поединечно и 3 место – категорија Кихон Кумите. Честитки Димитар! Продолжи да не правиш горди! Горди сме на вакви млади шампиони“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево
