Василево: Во Василево се одржа информативен настан „Поддршка за домаќинства-грантови за зелена енергија“

објавено во Општински вести | 0
Вчера, во Василево, во  салата за состаноци на ООУ „Гоце Делчев“, Фондот за зелено финансирање и УНДП во соработка со општина Василево и претставници на Штедилница Можности, ТТК Банка и  Силк Роуд Банка одржаа  настан за граѓаните на кој ги информираа граѓаните за можностите,  условите и постапката за добивање на   грантови за набавка инвертер клими, топлински пумпи, изработка на енергетски ефикасни фасади, односно грантови за зелени енергија. Домаќин на настанот кој предизвика голем интерес кај граѓаните, беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој преку социјалните медиуми сподели видео од настанот,https://www.facebook.com/reel/1797665860906111.Грантовите, во висина од 30% од инвестијата, се реализираат во соработка со Штедилница Можности, ТТК Банка и  Силк Роуд Банка, поради што им укажуваме на сите заинтересирани граѓани, пред да зпочнат со практично реализирање на активностите,  најпрво директно да се обратат кај наведените субјекти, за да бидат целосно водени низ процесот со кој ќе си обезбедат 30% грант од целокупната инвестиција.Буџетот не е ограничен, односно граѓаните не се лимитирани во делот на нивната инвестиција.„Проектот е одлична можност за намалување на трошоците за енергија, поголема енергетска ефикасност и заштита на животната средина.Заедно чекориме кон поекономични и поеколошки домови“, потенцира градоначалникот Андонов.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево