Богданци: Теристичко третирање на возрасни комарци на 06.07.2026

објавено во Општински вести | 0
Се известуваат жителите на Општина Богданци дека на 06.07.2026 год., (понеделник) во вечерните часови ќе се изврши теристичко третирање на возрасни комарци.
Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести, донесена од страна на Советот на општина Богданци.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.


Извор: Општина Богданци