Богданци: Соопштение за штета од пожар

објавено во Општински вести | 0
Богданци: Соопштение за штета од пожар

Општина Богданци ги известува граѓаните кои имаат причинета материјална штета настаната како последица на пожар, која зафати дел од територијата на општина Богданци на 22,23.06.2026 и 04.07.2026 година да ја пријават штетата до Општинската Комисија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Богданци на ул.Маршал Тито бр.62 од 15.07.2026 до 22.07.2026 година.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Во прилог на Барањето, подносителот треба да достави:
–         копија од лична карта/копија од тековна состојба (за правни лица);
–         копија од трансакциска сметка;
–         доказ за сопственост/користење на недвижен имот (имотен лист, договор за закуп);
–         пријава на штета;
–         изјава за штета;
–         изјава дека имотот не е осигуран;
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 6 (шест) работни дена, односно најдоцна до 22.07.2026година.
Барањата ќе  бидат обработени од страна на Општинска комисија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и ќе биде изготвен Извештај, кој ќе биде проследен до Советот на Општина Богданци и до Влада на Република Северна Македонија.


Извор: Општина Богданци