Богданци: Соопштение за оддржување на јавна расправа по Нацрт – извештајот за стратегиска оцена

објавено во Општински вести | 0
Богданци: Соопштение за оддржување на јавна расправа по Нацрт – извештајот за стратегиска оцена

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/2022 и 171/2022 . .. .. 54/26) и член 3 од Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на РМ“ бр.147/08 и 45/11)  Градоначалникот на Општина Богданци го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за одржување на јавна расправа  по Нацрт – извештајот за стратегиска оцена
Општина Богданци ќе одржи јавна расправа по Нацрт – извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за климатски промени на Општина Богданци 2026-2033 година што е изложен во просториите на салата на Советот на Општина Богданци и на веб страната на Општина Богданци

Почетна

.
Јавната расправа ќе се оддржи на ден 12.06.2026г. во 12:00 часот во просториите на Дом на култура Бранд Петрушев Богданци.
Се покануваат сите заинтересирани граѓани и правни лица да дадат учество при донесувањето на извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за климатски промени на Општина Богданци 2026-2033 година .
Градоначалник
на Општина Богданци
Блаже Шапов


Извор: Општина Богданци