Богданци: Соопштение за градежни активности на улица Петар Мусев во Богданци

објавено во Општински вести | 0
Богданци: Соопштение за градежни активности на улица Петар Мусев во Богданци

Се известуваат граѓаните дека активностите за реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“ во Богданци, почнувајќи од утре, петок (26-ти јуни) ќе продолжат да се одвиваат на потегот од крстосницата со улица „Вељко Влаховиќ” до крстосницата со улица „Крушевска“ и истиот ќе биде затворен за сообраќај во наредните неколку дена.
Согласно предвидената динамика на изведба, градежните активности ќе продолжат спрема крстосницата со улица „Маршал Тито“. За време на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и ќе важи времен режим на сообраќај.
Се молат граѓаните за разбирање, трпение и почитување на поставената сигнализација со цел безбедно и непречено одвивање на градежните активности.


Извор: Општина Богданци