Денес 11.06.2026 год. во просториите на општина Богданци, се одржа координативен состанок со претставници од Дирекција за заштита и спасување, (ТППЕ –Гевгелија) Територијална Против Пожарна Единица Гевгелија, претставник од општина Богданци и Градоначалникот на општина Богданци.
Целта на состанокот беше подготвеност и навремена координација со сите надлежни институции пред претстојната сезона на пожари и зголемен ризик од високите летни температури.
Учесниците на состанокот ги истакнаа кои се покритични точки на територијата на општина Богданци за настанување на пожар и воедно беше кажано на тие места да се обрне поголемо внимание.
Од страна на ДЗС ПО Гевгелија и командирот на ТППЕ беше кажано да се обрне поголемо внимание на сопственици на објекти, викендички, градежни неизградени парцели, ниви кој што се блиску до шумски појаси навремено да ги одржуваат и чистат од сува трева, ниска вегетација и друг лесно запалив материјал што може да доведе до лесно запалување и ширење на пожар.
Исто така на состанокот беше договорено од страна на општина Богданци да се известат граѓаните преку социјалните мрежи и преку соопштенија по населените места, за навремено пријавување на секаков вид на пожар на бројот 112 и преземање на сите други превентивни мерки за да не дојде до настанување и ширење на пожар и предизвикување на општа опасност за населението и материјалните добра.

Извор: Општина Богданци