Општина Богданци со огромна чест и задоволство ве известува дека на 23 и 24 април (четврток и петок), нашиот град ќе биде домаќин на најголемата младинска манифестација во државата – „Образовно рандеву 2026“ (МАССУМ).
Во текот на овие два дена, Богданци ќе пречека претставници на 43 средни стручни училишта од цела Македонија, кои преку натпревари, вештини и креативност ќе ги покажат своите знаења и таленти.
Свеченото отворање ќе се одржи во четврток (23 април) во 12:00 часот во Градскиот парк (или во спортската сала „Млаз“ во случај на дожд).
Ве повикуваме со вашето присуство и препознатливо гостопримство да им дадете поддршка на младите таленти и заедно да покажеме дека Богданци е достоинствен домаќин.
Да бидеме добри домаќини и да го направиме „Образовно рандеву 2026“ настан за паметење!
Со почит, Општина Богданци
Овозможено одМинистерство за дигитална трансформација.
Извор: Општина Богданци