Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“ во Богданци.
Реконструкцијата вклучува нов коловоз, атмосферска и фекална канализација, кабли за оптика и електрика и тротоари.
Градежните активности ќе се одвиваат сукцесивно, согласно предвидената динамика на изведба. За време на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и ќе важи времен режим на сообраќај.
Се молат граѓаните за разбирање, трпение и почитување на поставената сигнализација со цел безбедно и непречено одвивање на градежните активности.

Извор: Општина Богданци