Реконструкција е предвидена и во двата блока, во подрум, на приземје и на кат.
Во подрумските дел во првиот блок машки и женски тоалет, едниот со по 3, другиот со 5 кабини и адаптација на засебен тоалет за лица со инвалидитет, а во вториот блок машки и женски тоалет со по 3 кабини.
На приземје во едниот блок со по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини исто така машки и женски тоалет.
На кат во првиот блок по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини машки и женски дел.
Проектот исто така предвидува и реновирање на тоалетите за вработените. Ќе се изврши целосна промена на водоводната и одводната мрежа.
Се работи за вкупно 51 тоалет, а инвестиција изнесува 7.489.991 денар, средства од буџетот на Општина Битола.
МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ
ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА СТАРОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО БИТОЛА
Извор: Општина Битола
