Сценските простори на Центарот за култура беа и остануваат отворени за сите значајни музичко–сценски, театарски, фолклорни концерти, активности и манифестации, филмско творештво и презентација, за иницијативи и креативни идеи од невладиниот сектор и самостојните уметници, како и за сите свечени одбележувања и академии посветени на значајни поводи и настани од нашето културно-историско минато и сегашност.
На тој начин, преку мотивирање, поддршка, афирмирање и творечко надоградување на уметници и творци од Битола, регионот и Република Македонија, Центарот за култура создава услови за планиран и континуиран развој на културата и уметноста.
Покрај наведеното, Установата овозможува размена на културни вредности и следење на светските културни текови преку организирано гостување на познати светски уметници, групи и ансамбли, при што ги задоволува културно-уметничките потреби на широкиот аудиториум, односно поединецот како конзумент, поттикнувајќи го да биде не само набљудувач на културните вредности, туку и активен творец и аниматор на културата.
2025 година ја заокружиja со над 300 реализирани настани и повеќе од 130.000 посетители.
„Особено значајна во овој процес е континуираната поддршка на Општина Битола, која преку финансиска, логистичка и програмска соработка се јавува како вистински креативен партнер во реализацијата на фестивалите и културно-уметничките манифестации. Заедничката визија за развој на културата, вложувањето во квалитетни културни содржини и поддршката на домашните и меѓународните уметници претставуваат темел врз кој се гради современиот културен идентитет на Битола.
Следејќи ја тенденцијата за развој на Центарот за култура во современ мултимедијален и мултинаменски центар за креирање и презентирање на културни вредности, обемот на дејности се зголемува во континуитет.
Во годината што е пред нас, Центарот за култура ќе настојува да го задржи и надгради нивото и вредностите на традиционалните фестивали: Фестивалот „Илинденски денови”, Интернационалниот фестивал на монодрама, Фестивалот на музика од светот, Интернационалниот етнографски филмски фестивал, како и да воспостави нови креативни културно-уметнички текови кои ќе ги поттикнат и афирмираат идеите и делата на новите генерации уметнички творци.
На тој начин, со заеднички сили и визија, ќе продолжи да чука во вистински ритам „Културното срце на Битола” вели директорот на Центарот за култура-Битола.
ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОНДОЛА НА „ПЕЛИСТЕР“
ЖЕНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО БИТОЛА ЌЕ ГИ ИГРА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО
Извор: Општина Битола
