Во своето обраќање градоначалникот Коњановски истакна дека Општина Битола и во оваа 2026 година ќе продолжи со инвестиции во капиталната инфраструктура во градот и населените места.
Пред присутните се осврна и на активностите од 2025 година, проектите кои се реализираа и се во фаза на реализација, како и за новите проекти, како општински така и оние одобрени и финансирани од Владата, а од вториот повик се вкупно 65, кои ќе придонесат за подобрување на условите на живот на жителите во скоро сите области.
„Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните на Општина Битола”, рече градонаначалникот Коњановски, а потоа во разговори и тој и администрацијата имаа можност да слушнат кои се предлозите и мислењата на претседателите на месните и урбаните заедници.
Општина Битола на почетокот на секоја нова година организира една ваква средба каде што е отворена можноста двете страни да разменат мислења, искуства, предлози и решенија на одредени проблеми во локалните заедници.
ОКОЛУ 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ ВО УЧИЛИШНАТА СПОРТСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ОПШТИНА БИТОЛА
БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! ЗА МНОГУ ГОДИНИ БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ
Извор: Општина Битола
