Битола: ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

објавено во Општински вести | 0
Битола: ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше работна средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола го запозна полскиот амбасадор со личната карта на градот.

Се разговараше и за можностите за соработка, при што градоначалникот Коњановски го информираше за потенцијалите кои ги нуди градот под Пелистер.

Главниот акцент беше ставен на економската соработка, а се зборуваше и за културата и уметноста.

Коњановски и Бримора разменија пригодни подароци.

Јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола за поддршка на  проекти за млади

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА БИЗНИС ФОРУМОТ ЗА ЛОКАЛЕН БИЗНИС-ГЛОБАЛНИ ПАЗАРИ


Извор: Општина Битола