Тој го отвори настанот и ги поздрави младите кои беа учесници на овој завршен настан, што го организираше Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.
Поздравни обраќања имаа и Емилиа Ѓероска претседателка на здружението и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.
Панел дискусијатаа беше на тема „Младите и менталното здравје-што се случува во пракса“, а настанот беше збогатен со драматизација, рецитал, музичка изведба, споделување на искуства и изложба.
Градоначалникот на Битола ја повтори поддршката што Општина Битола ја дава на младите преку различни форми и содржини, а го истакна и значењето на Советот на младите кој како тело функционира во рамките на Општина Битола.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА КОНТРОЛА НА ТУТУНОТ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ОДВИКНУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ
51 ТОАЛЕТ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ВО ОУ „КОЛЕ КАНИНСКИ“, СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ ЗА ХИГИЕНАТА ВО УЧИЛИШТЕТО
Извор: Општина Битола
