Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески.
На средбата стана збор за тоа како поминаа првите два дена од Новата година на територијата на Општина Битола, особено новогодишната ноќ.
Беше кажано дека немало инциденти, односно нарушувања на јавниот ред и мир.
Градоначалникот на Битола се заблагодари за ангажманот на полициските службеници кои беа активни за време на организираниот дочек на Новата година кај Офицерскиот дом.
На средбата се разговараше и за идните планови на Секторот за внатрешни работи Битола за подобрување во делот на безбедноста во сообраќајот.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА НА СРЕДБА СО ПЛАНИНАРИТЕ ОД „ПРВИ НА ПРВИ НА ПЕЛИСТЕР“
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА МЛАДИТЕ БАДНИКАРИ ВО ИЗРАБОТКАТА НА БАДНИКОВИТЕ ЅВЕЗДИ
Извор: Општина Битола
