Во старата касарна започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.
Денеска локацијата каде што започнаа градежните работи ја посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.
Асфалтната површина ќе биде од 1550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.
Овие средства Општина Битола ги обезбеди преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт.
ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ“ ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА БИТОЛА
Јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории
Извор: Општина Битола