Битола: ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЧИЛИШНАТА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „СТИВ НАУМОВ“

објавено во Општински вести | 0
Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2.

Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование.

Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри.

Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

СЕ ОБНОВУВА ВОЗНИОТ ПАРК ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ БИТОЛА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦИ ВО БРАТИНДОЛ


Извор: Општина Битола