Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини.
По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе следи и асфалтирање.
Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 см, а асфалтната вкупна површина 2029 м2.
Вредноста на овој проек е 5.421.038 денари и средствата се преку Министерството за транспорт.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.
Јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица
НАД 400 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО 2025
Извор: Општина Битола
