На неформалната средба присутен беше Едвард Андерсен, претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, градоначалникот на Битола Тони Коњановски кои беа со млади од Битола, меѓу нив и членови од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.
Меѓународниот ден на Ромите (8 април) е важна пригода за прославување на културата, идентитетот и придонесите на Ромите, а воедно и привлекување внимание кон постојаните предизвици со кои се соочува ромската заедница низ целата земја.
Во градот живеат многу талентирани, активни и ангажирани млади Роми кои позитивно придонесуваат за својата заедница преку култура, уметност, образование и граѓанскиот ангажман. Еден пример е Ален Рустемов, млад атлетичар од ромска националност кој неодамна освои бронзен медал на балканско натпреварување во бокс, беше прогласен за спортист на годината на Македонија и на Битола, носејќи признание за општината и земјата и демонстрирајќи го талентот и решителноста на младите Ром. Ваквите примери го истакнуваат значајниот потенцијал што постои во заедницата кога можностите и поддршката се достапни.
Сепак, овие позитивни приказни честопати добиваат ограничена видливост во поширокиот јавен простор, а целта на овој настан е токму спротивното.
Јавен повик за членови во Управен и Надзорен одбор
КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Извор: Општина Битола
