Деветтото издание на „Џез фактори фестивалот“ кое се оджува во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид годинава е со учество на уметници од Франција, Австрија, Албанија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија.
Директорот и основач на фестивалот Сашо Поповски со гости од Србија и Црна Гора, директори на тамошните фестивали имаа прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Тие информираа дека програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата и дека ова не е само фестивал, не се само концерти, туку културно движење низ градовите.
Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Битола и Делегацијата на Европската унија во Македонија.
Јавен повик за поддршка на Советите на Општина Битола
СО „ВЕСЕЛ ПЕТОК“ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА, ПОЗНАТ КАКО ГРАДСКИ СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН
Извор: Општина Битола