Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноци на имот („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04…151/21) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комунални такси („Сл. весник на РМ„ бр. 61/04, … 23/16), општина Берово објавува
Ј А В Н А П О К А Н А
За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2026 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина за 2026 година.
Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2026 година (Образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:
1.Имот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2025 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)
2.Имот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).
3.Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)
Даночна пријава се поднесува до општина Берово, најдоцна до 31 јануари 2026 година.
Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 2005 до 2025 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува нова даночна пријава.
Даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноци на имот.
Пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно фирмарина, поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) и тоа за:
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово